10.3 C
Skopje
недела, октомври 25, 2020

Британската компанија AstraZeneca на ЕУ и продава поевтини вакцини од другите

Kabtel desktop

Европските влади ќе плаќаат отштета која го надминува договореното со компанијата AstraZenecа поради можните последици на нејзината потенцијална вакцина против болеста КОВИД-19, според одредбите на договорот со таа компанија кои се разликуваат од договорот со Sanofi.

Договорите ги одразуваат различните стратегии на тие водечки светски производители на лекови кога станува збор за одговорноста за мoжните последици од вакцините со кои сакаат да стават крај на пандемијата.

Британската компанија AstraZeneca во тајниот договор ја доби поддршката од ЕУ затоа што бараше пониска цена за својата потенцијална вакцина. Ако компанијата бара повисока цена, не даваме еднакви услови, велат од ЕУ.

Неочекуваните нуспојави откако некој лек ќе добие одобрение од регулаторите се ретки, но поради брзината со која се развива вакцината за КОВИД-19 ризиците се поголеми. Договорот со AstraZenecа, кој префрла дел од ризикот на вакцината на даночните обврзници, е договорен со Европската комисија во август годинава, но одредбите за одговорноста досега не беа познати.

Според договорот, AstraZeneca би ги платила судските трошоци само до дореден лимит. Не е познато како ќе се поделат останатите трошоци со одделните држави членки ниту колку ќе изнесува лимитот. Финанскискиот штит ќе ги покрива и судските трошоци и можноста за отштета, потенцијално многу поголем износ во случај нешто да тргне наопаку.

Француската компанија Sanofi, која во развојот на вакцината соработува со GlaxoSmithKline, не договори такви услови затоа што побарала пивисока цена. Портпаролите на AstraZenecа, Sanofi и на Европската комисија не сакаа да ги коментираат деталите од договорите.

Според договорот со таа компанија, државите членки на ЕУ платиле по 2,5 евра по доза, додека со Sanofi била договрена цена од околу 10 евра. Тоа засега се единствените договори за КОВИД-19 кои ги склучил Брисел.

(Dnevnik.hr)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •