Американски судија го спаси TikTok и привремено забрани спроведување на одлуката на Трамп

- Advertisement -

TikTok повторно доби уште малку време и на радоста на милиони корисници во САД, остана достапен во продавниците за апликации. Имено, окружниот судија Карл Николс во Вашингтон издаде прелиминарна забрана за примена на одлуката која американскиот претседател Доналд Трамп, според која TikTok треба да стане недостапен за американските корисници. Меѓутоа, одбиваат во овој момент да ја блокираат и забраната која треба да почне на 12 декември и која се однесува на технички и деловни аранжмани битни за нормално функционирање на апликацијата TikTok.

Надлежното американско министерство во соопштението порача дека ја почитуваат изречената забрана и во таа смисла моментално се преземени и чекори. Во воопштението не наведуваат дали американската влада ќе се жали на одлуката на судијата.

- Advertisement -

Судската забрана доаѓа во момент кога ByteDance преговара за условите за прелиминарната спогодба според која Walmart Inc. и Oracle Corp. би презеле удел во новата компанија TikTok Global, која би ги надгледувала операциите во САД. Самиот американски претседател Доналд Трамп претходно изјави дека дал свој благослов за таквата спогодба.

Меѓутоа, во договорот за спогодбата постојат несогласувања врзани за неколку клучни услови, а еден од нив е и кој ќе има мнозински удел во новата компанија. Компанијата ByteDance, сопственик на TikTok, порача дека договорот мора да го одобри и Кина, откако Пекинг го измени списокот со технологии кои подлежат на забрана за извоз, така што кинеската влада има право да одлучува за каков било договор за TikTok.

- Advertisement -

Од TikTok порачуваат дека се задоволни со судската забрана на Трамп и дека ќе ги продолжат преговорите со американската влада за да дојде договор за новата компанија.

И претставници на кинеските државни медиуми ја поздравија одлуката на американскиот судија, додека адвокатот на TikTok, Џон Е. Хали претходно порача дека одлуката на Трамп за забраната за преземање на апликацијата TikTok е „без преседан и ирационална“.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -