12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

МИТ направи вештачка интелигенција која детектира корона вирус од кашлање преку телефон

Kabtel desktop

Што ако има лесен и практичен начин за детектирање на вирусот дури и кај луѓето кои се асимптоматски? Изгледа дека има благодарение на новата метода која ја измислија научници од МИТ. Новата технологија користи вештачка интелигенција за да детектира присуство на КОВИД-19 од кашлање снимено на телефон и може да предизвика револуција во начинот на дијагностицирање на вирусот.

Тимот одговорен за изумот разгледува на кој начин може да се инкорпорира моделот во апликација лесна за користење, која ќе овозможи технологијата да се користи секаде и во секое време.

„Ефективната имплементација на групната дијагностичка алатка може да го намали ширењето на пандемијата ако секоја ја користи пред да влезе во училница, во фабрика, во ресторан или канцеларија“, велат од МИТ.

Научниците ја дизајнираа новата апликација базирана на вештачка интелигенција според претходен модел кој се користел за детекција на шеми во говорот. Испаднало дека е многу едноставно да се прилагоди за новата намена.

Звуците кои се прават при зборување или кашлање се под влијание на гласните жици и на околните органи. Тоа значи дека кога зборуваме дел од говорот е како кашлање и обратно. Исто така, значи дека како што ние лесно го разбираме течниот говор вештачката интелигенција лесно го разбира кашлањето. Од кашлањето може да дознае информации како пол, мајчин јазик и емотивна состојба. Затоа си рековме зошто да не ги пробаме биомаркерите направени за Ацлхајмер на КОВИД-19?“, објаснуваат научниците.

Досега тимот има собрано повеќе од 70.000 снимки за креирање на модел кој идентификувал присуство на КОВИД-19 од кашлање со 98,5% прецизност.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •