15.8 C
Skopje
вторник, октомври 4, 2022

САД попуштија – Huawei ќе може да купува американски чипови

Kabtel desktop

Две и пол години после блокадата Huawei би можел да ги подобри односите со САД. Како што пренесува Financial Times, САД ќе дозволат поголем број американски компании кои произведуваат чипови да можат да ги продаваат на Huawei. Но, постои еден услов – компонентите и чиповите не семат да се користат за 5G технологијата на Huawei.

Наводно, компаниите при поднесувањето на молбите за дозвола за работа со Huawei ќе треба да докажат дека нивните производи не поддржуваат 5G, по што веројатно ќе добијат дозвола.

Иако ова се уште се неофицијални информации, аналитичарите веќе истакнуваат дека тој потег на американската амдинистрација би можел да го спаси бизнисот со мобилни телефони на Huawei.

Дека се се движи во таа насока говорат и информациите кои ги објавија од Samsung, според кои добиле американска дозвола за испорака на ЛЕД екрани за мобилните телефони на Huawei.

Ова е добар показател дека САД ќе му дозволат на Huawei да продолжи да работи со мобилните телефони, порача аналитичарот Едисон Ли. Тој додава дека Sony и OmniVision исто така добиле дозвола за испорака на CMOS сензори, односн чипови кои се користат во камерите на паметните телефони на Huawei.

Ли очекува дека американските комапнии Qualcomm и MediaTek во наредните неколку месеци да добијат зелено светло за продолжување на соработката со Huawei. Но, дали тоа навистина ќе се случи треба да почекаме да видиме затоа што американската амдинистрација е позната по правењето неочекувани потези, барем кога е во прашање Кина, односно Huawei.

(Financial Times)

(фото: Wikimedia)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!