2 C
Skopje
недела, јануари 24, 2021

САД ќе бараат негативен корона тест за сите патници надвор од земјата

Kabtel desktop

САД ќе бараат негативен тест на коронавирус за сите кои патуваат во земјата, пред да се качат на авионот, јавија американските медиуми синоќа. 

Станува збор за нова мерка од државните Центри за контрола на заболувањата  (ЦДЦ) која сега е крената на федерално ниво и стапува во сила на 26 јануари. 

-Тестирањето не ги елиминира сите ризици, но ако е комбинирано со период на самоизолација и секојдневни мерки на претпазливост, како носење маски и социјална дистанца, тоа може да го направи патувањето побезбедно, поздраво и поодговорно за намалување на ширење на заразата во авионите, на аеродромите и на крајните дестинации, изјави д-р Роберт Редфилд, директир на ЦДЦ, во најавата за новата мерка.

Новата мерка предвидува сите патници кои летаат за САД да направат тест за инфекцијата најмногу до три дена пред датумот на летот, и да покажат документ за резултатите од тестот или доказ дека прележале Ковид-19. Патниците кои нема да приложат резултат од тест за коронавирус, авиокомпанијата има право да ги врати назад. 

Тестирањето за патниците во САД засега е на ниво на препорака од ЦДЦ. Центарот препорачува сите патници на внатрешните и странските летови да се тестираат најмногу три дена пред да заминат на патувањето, и повторно да се тестираат по враќањето дома. 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •