7 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

Манифестацијата „Ноќ на идеите“ по шестти пат во Македонија

Kabtel desktop

Годинава се организира 6-то издание на меѓународната манифестација Ноќ на идеите и, шеста година по ред, Францускиот институт во Скопје е дел од овој глобален светски настан.

Годинава настанот ќе се одржи онлајн во соработка со Акцелераторот УКИМ, со кого, во 2018 година, исто така, беше реализирана успешна соработка и беше одржан одличен настан.

Во фокус на изданието во 2021 година ќе биде пандемијата на COVID-19 вирусот. Во време кога санитарната криза нè принудува да го редефинираме нашиот однос кон животната средина и воедно ги доведува во прашање иднината на економијата во идното општество, Ноќта на идеите нè повикува, повеќе од кога било, на колективна размисла за светот по пандемијата на COVID-19.

Францускиот институт во Скопје и Акцелераторот УКИМ ќе се приклучат кон оваа меѓународна манифестација преку онлајн дебата на тема: „ДИГИТАЛНА ЕРА: ТОЛКУ ДАЛЕКУ, А ТОЛКУ БЛИЗУ – НОВИТЕ НАВИКИ ПО ПАНДЕМИЈАТА“, а истата ќе се одржи на платформата Zoom, в четврток, 28 јануари2021, со почеток во 17 часот.

На истата ќе стане збор за се поголемата улога на дигиталното и новите навики во ова време на пандемија, кои честопати, колку што нè доближуваат, толку и нè оддалечуваат.

Учество на овогодишната Ноќ на идеите ќе земат:

– г-ѓа Сања Фрковиќ-Гелевска, од Делегацијата на ЕУ,

– г-дин Оливје Крузе, педагошки директор на реномираната француска Школа 42,

– проф. д-р Владимир Давчев, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, и

– г-дин Филип Петровски, од компанијата Дата Мастерс.

Настанот ќе го отвори г-дин Емануел Рембер, Директор на Францускиот институт во Скопје, а модератор ќе биде г-дин Александар Стамболиев, директор Акцелераторот УКИМ.

За настанот ќе биде обезбеден симултан превод, а сите заинтересирани може да се регистрираат ОВДЕ.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •