14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Директорот на Pfizer вели дека секоја година ќе мора да се вакцинираме против корона вирус

Kabtel desktop

Извршниот директор на Pfizer, Алберт Боурла, изјави дека се надева оти дополнителната, трета доза од нивната вакцина против КОВИД-19 би можела дополнително да го засили имунолошкиот одговор и така да обезбеди подобра заштита од новите варијанти на корона вирусот.

Веруваме дека третата доза ќе ја засили имунолошката реакција за 10 до 20 пати“ вели Боурла.

Новото истражување ќе ја надгледува безбедноста и ефикасноста на третата доза во две возрасни групи. Во едната група ќе учествуваат луѓе на возраст од 18 до 55 години, а во втората група луѓе од 65 до 85 години. Овие луѓе учестувале и во почетното клиничко испитување на Pfizer.

Во текот на испитувањето учесниците примија по две дози од вакцината во период од три недели, а истиот интервал се препорачува и сега. Pfizer планира да почне и испитување за да види дали модифицираната верзија на вакцината делува против јужноафриканската варијанта на корона вирусот.

Како што мутира корона вирусот, така веројатно ќе мора и да се менуваат вакцините. Истото се случува и со грипот, кој се менува од година во година, па така редовно се унапредуваат и вакцинира против грипот за да бидат поефикасни.

Секоја година мора да се вакцинираме против грипот, а така ќе биде и со корона вирусот. За една година отсега ќе мора пак да се вакцинирате против КОВИД за да се заштитите наредната година“ вели Боурла.

Неговите изјави сугерираат дека КОВИД-19 ќе остане меѓу нас и кога ќе заврши пандемијата. Покрај тоа, ќе биде потребно да се спроведуваат и дополнителни студии за да се утврди кога е најдобар момент за повторно вакцинирање.

(Poslovni Dnevnik)

(фото: ccnull.de)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •