4 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Samsung Galaxy A12, модерен телефон кој нуди најдобар однос перформанси:цена!

Kabtel desktop

Неколкудневното дружење со Samsung Galaxy A12 беше возбудливо и интересно за целото семејство. После ова тестирање на еден од најпосакуваните уреди од аспект перформанси-цена, може заслужено да го носи епитетот “најпосакуван телефон за 2021“!

Рецензијата ја правеше Верица Јорданова

Првиот впечаток кога ќе се земе Samsung Galaxy A12 во рака е чувство на пријатност. Како да се дружите со „стар пријател“ со кој не сте се виделе одамна. Едноставно, овој модел плени со својата едноставност и моќни карактеристи кои ги има. Сумирано, Samsung Galaxy A12 има солиден Mediatek Helio P35 процесор, голем 6.5″ HD+ PLS LCD екран, добри камери со примарен 48 MP сензор и фантастична 5000 mAh батерија.

Мора да бидам искрена и да признаам дека дома се создаде сериозно ривалство помеѓу 9-годишната ќерка, која сакаше да види како слика камерата и 15-годишниот тинејџер, кој се интересираше за техничките карактеристики за уредот. Добрата вест е што и едниот и другиот на крај беа задоволни со она што го добија со тестирањето :-).

Како што веќе е познато, овој модел на Samsung спаѓа во средна класа на телефони, но слободно може да се каже дека за повеќето просечни потрошувачи овој модел е повеќе од задоволителен по сите параметри: класичен дизајн, врвна камера, одлична меморија, безбедносна заштита, батерија која држи доволно долго…

Но да почнеме со ред. Лично за мене Samsung Galaxy A12 е телефон со идеална големина. Сегашниот тренд на поголеми екрани, кои служат да се заврши и многу работа на мобилниот телефон, не одговараат на секоја рака, па затоа овој модел со 6,5-инчниот Infinity-V дисплеј некако ми се чини идеален за женска рака. Воедно, рабовите се заоблени, а задната страна од телефонот е од рапав пластичен материјал, кој го прави телефонот нелизгачки. За корисници како мене, на кои телефонот често пати им паѓа од рака ова е важна карактеристика. Дефинитивно е удобен за држење во рака и лесен за навигација по екранот.

Поголем екран значи поголем простор за работа

Новинарската работа поприлично значи гледање во екранот на телефонот многу голем дел од денот, па користењето на 6,5-инчниот Infinity-V дисплеј со HD+ технологија беше убаво освежување затоа што содржината со која работам се гледа чисто, јасно и изострено. Навигацијата исто така е лесна што дополнително го олеснува „скокањето“ од апликација во апликација, ако се земе превид неопходноста од мултитаскинг.

Во контекст на подобноста на овој модел за луѓе на кои работата им е со и во телефонот, предност плус е и моќната батерија (Li-Po 5000 mAh) која со доста интензивно користење на уредот држи и до два дена.

Сè на сè, ова се карактеристиките кои за мене се најважни при користење на мобилен уред и во тој контекст телефонот добива солидна оценка.   

Камера со широк опсег: oд ултраширока камера до macro камера за најситни детали 

Дефинитивно еден од најголемите адути на Galaxy A12 е камерата, односно камерите кои досега не можеа да се добијат во оваа категија на телефони.
Моќните камери го прават фотографирањето и снимањето со овој телефон позабавно од кога било досега. Galaxy A12 има главна камера од 48MP, како и ултра-широка камера од 5MP. Телефонот имаат и сензор за длабочина од 2MP, одличен за фокусирање на деталите, како и макро сензор со иста резолуција, што дополнително ја збогатува секоја снимка. Навистина беше забавно да се тестира Macro камерата за да се доловат детали од она што го сликаме, кои инаку би ги пропуштиле. Оваа опција им додава природен „Bokeh“ ефект на сликите со што го истакнува она што се слика од заднината.

Сликите се колоритни, но единствен недостаток е отсуството на night mode на камерата, така што за оние кои преферираат фоткање преку ден и на отворен простор камерата е навистина задоволителна со широк спектар на можности.

Сите добро знаеме дека најголемата вредност на еден телефон е во податоците кои ги содржи, па затоа овој телефон има уште една предност плус. Платформата Samsung Knox, вградена во хардверот и софтверот на телефонот од самиот почеток, ги штити податоците во телефон од моментот кога ќе се вклучи. За повеќеслојна безбедност, таа ги штити твоите најчувствителни информации од злонамерни софтвери и закани.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •