Компанијата Google вредно работи за апликацијата Google Maps да биде што покорисна и повремено воведува нови опции. Една од новите опции штотуку стана достапна.
Google претстави низа подобрувања на апликацијата Maps, поради кои таа треба да биде покорисна во различни ситуации. Новоста е воведувањето на AR навигациската алатка Live View за некои затворени локации како трговски центри, аеродроми, транзитни станици и слично. Исто така, приоритет имаат еколошки прифатливите рути, а дополнителни податоци се и временските услови и квалитетот на воздухот. Исто така, интегрирани се и опции за преземање и достава за продавници.
Live View е AR опција која на корисникот му овозможува точно да ја види својата дестинација така што ќе ја насочи камерата кон својата околина, по што ќе му се прикаже точната навигација. За да го овозможи тоа Google разви целосно нова технологија наречена глобална локализација, која користи AI за скенирање на десетици милиони фотографии на Street View и ги мапира со слика на мобилен телефон за да го лоцира корисникот. Google ја адаптираше технологијата за прецизно да се одреди висината и локацијата на објекти во зграда.
Оваа нова опција ќе може да се користи на пример на аеродром кога корисникот бара на која порта да оди или кога бара некој ресторан во трговски центар. Исто така, ќе му помогне да го најде најблискиот лифт, скали, банкомат, тоалет, шалтери за пријавување, продажни места за билети и слично.
(Klix.ba)
(фото: 9to5google)