Кина сака да испрати вселенски летала на крајот на Сончевиот систем

- Advertisement -

Кинески научници ја проценуваат изводливоста на проектот за испраќање на вселенски летала на работ на Сончевиот систем, изјави главниот дизајнер на кинеската програма за истражување на Месечината, Ву Веире.

Според проектот, кинеските вселенски летала ќе поминат растојание околу 100 пати поголемо од растојанието меѓу Сонцето и Земјата до 2049 година, кога Кина ја слави стогодишнината од основањето, изјави Ву.

- Advertisement -

Оддалеченоста меѓу Сонцето и Земјата се вика астрономска единица и изнесува околу 150 милиони км. Како што пренесува Кинеската медиумска групација, целта на проектот е да се направат научни истражувања и експерименти на работи на Сончевиот систем, кој е оддалечен од Земјата околу 15 милијарди км.

„Ако проектот може да се примени, тоа ќе биде придонес од Кина за светот и за човештвото. Кинеската вселенска индустрија има сили да ја постигне таа цел“, додаде Ву.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -