Facebook креираше алатка која на Авганистанците им помага да ги заклучат своите профили

- Advertisement -

Социјалната мрежа Facebook креираше нова алатка за да им помогне на Авганистанците да ги заклучат своите профили и да ја заштитат приватноста. Корисниците во Авганистан ќе можат со еден клик да ги активираат прилагодувањата на приватноста на објавите на почетната страница и така да спречат преземање и споделување на профилните фотографии.

Алатката ќе ги охрабри корисниците да ограничат што можат да видат непознатите луѓе, но нема да биде достапна на Instagram. Сепак, апликацијата ќе ги предупреди корисниците и ќе им ги објасни начините на заклучување на профилите и на оваа социјална мрежа. Исто така, Facebook привремено ги сокрива листите со пријатели на корисниците во Авганистан и ги охрабрува луѓето кои имаат пријатели во оваа земја исто така да ги сокријат своите профили.

- Advertisement -

„Работиме со нашите партнери во индустријата, со цивилното општество и со владите за да обезбедиме што подобра поддршка и заштита на луѓето. Воспоставивме центар за специјални операции за да одговориме на новите закани“ изјави шефот за безбедност на Facebook, Натаниел Глајхер.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -