12.8 C
Skopje
недела, октомври 24, 2021

Шведска ја развива првата платформа за лансирање сатетили во ЕУ

Kabtel desktop

Шведскиот вселенски центар Есренџ ќе стане првата платформа за развој на ракетни технологии и лансирање сателити во Европската унија. Се очекува дека првите сателити, полесни од 150 кг, ќе може да се лансираат во вселената веќе на лето во 2022 година.

Вселенскиот центар, кој се наоѓа кај градот Кирун на северниот дел од земјата, околу 200 км на север од Арктичкиот поларен круг, е основан на средината на 1960-тите години и оттогаш активно врши истражувања.

Планирано е идната година да биде завршен проектот за унапредување на инфраструктурат, кој почна во 2015 година. Според некои написи во медиумите, делот за тестирање ракети ќе биде модернизиран и ќе бидат развиени технологии на земјата за комуникација со сателитите.

Проектот е дел од стратегијата на Шведска од 2018 година, кој сака земјата да биде лидер за вселенска технологија, која се смета за стартешко економско богатство.

Новата инвестиција во модернизацијата на центарот ќе ја пласира Шведска меѓу десетина земји во светот кои имаат сопствена сателитска инфраструктура. Тоа може да биде добро и за ЕУ.

(N1)

(фото: Hippopx)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •