TikTok сега дозволува видеа до 10 минути

- Advertisement -

Феноменот TikTok и понатаму не спласнува, па плтформата ја користат се повеќе луѓе, од кои не се сите млади како на самиот почеток. За полека да се приближува до другите платформи посветени на видеосодржини како YouTube, Tiktok сега дозволува видеа во траење до 10 минути. тоа ќе им се допадне на креаторите на содржини кои ја користат платформата за снимање и презентирање сопствени уметнички активности.

Со други зборови, сега можете да објавувате значително подолги видеа, па можете да очекувате дека ќе се појават и нови типови на видеа. Тоа може да биде добро, иако постои можност некои да не се снајдат добро во снимањето интересни содржини со подолго времтраење, па постои опасност да станат досадни.

- Advertisement -

Оваа опција полека ќе се воведува за сите корисници ширум светот, па проверете дали сте добиле порака за новата надградба која ќе ви го овозможи тоа. Или можете да појдете на страницата tiktok.com без потреба за надградба.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

- Advertisement -