20.000 банкари и брокери во Шангај живеат во своите канцеларии

- Advertisement -


Над 20.000 банкари и брокери во Шангај буквално живеат во своите канцеларии за да можат непречено да работат во ситуација на карантин поради пандемијата на корона вирусот.

Како што пишува Business Insider, сопствениците на некои канцеларии во финансискиот кварт Луџиазуи, инаку познат како кинески Волстрит, си понесоа вреќи за спиење и други потребни работи за вработените за да можат да кампуваат во канцеларија.

- Advertisement -

За менаџерите на хеџ фондот Henry да се живее во канцеларија значи да се дели тоалетот со 20 луѓе без пристап до туш. Некои од нив дури добиваат дневници од 78 до 314 долари по ноќ за да спијат во канцеларија.

Многу работници живеат така од минатиот понеделник, кога Пудонг, половина од градот кој се наоѓа источно до реката Хуангпу, беше затворен по прв пат. Шангај, финансискиот центар со 26 милиони жители, е поделен на два дела за да се овозможи масовно тестирање, а жителите од двете страни на реката поминуваат низ различни фази на строг карантин.

- Advertisement -

Иако споре днајавите, ограничувањата и строгите мерки требаше да бидат ункинати во Пудонг во петокот, продолжени се за 10 дена, што значи дека вработените во финансискиот кварт ќе мора да живеат во своите канцеларии и подолго од планираното.

За некои работници живеењето во канцеларија почна и пред да биде воведен карантинот. На видеото кое минатата недела на социјалните мрежи го сподели интернет-порталот China Internet Information Centre се гледа дека вработени во канцеларии во Шангај спијат на душеци или во вреќи меѓу своите бироа, а еден од нив спие на два реда столови.

- Advertisement -

Според податоците на шангајската здравствена комисија, Шангај минатиот четврток имал 4.144 асимптоматски случаи и 358 симптоматски случаи на корона вирусот, пренесува Bloomberg.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -