Вештачка интелигенција предвиде каде би можеле да се наоѓаат остатоците од авионот на Амелија Ерхарт

- Advertisement -

Според соопштението од Универзитетот Пурдју, тим трага по авионот „локхид модел 10-Е електра“, со кој управувала Амелија Ерхарт, заедно со навигаторот Фред Нунан, во моментот кога исчезнале во 1937 година.

Првичниот одговор на ChatGPT бил повнимателен. Кога од системот било побарано да избере една конкретна област за пребарување, тој укажал на стрмна подводна падина и на морското дно на западната или северозападната страна на островот Никумароро, нагласувајќи дека станува збор за хипотеза, а не за потврдена локација.

- Advertisement -

Кога било побарано попрецизно предвидување, ChatGPT изнел сценарио според кое Ерхарт можеби слетала или принудно со спуштила авионот на гребен свртен кон отворениот океан – на западната или северозападната страна на островот – по што водените струи го одвлекле авионот преку стрмната падина на гребенот во подлабоки води.

Вештачката интелигенција проценила дека авионот би можел да се наоѓа на длабочина од 100 до 300 метри, иако нагласила дека и проценката на длабочината и претпоставката за траекторијата на авионот се од шпекулативна природа.

- Advertisement -

Амелија Ерхарт мистериозно исчезнала во 1930-тите години. Ерхарт се обидувала да го обиколи светот со авион кога изгубила контакт со Крајбрежната стража на САД на 2 јули 1937 година. Во тоа време се верувало дека таа и Нунан летаат кон островот Хауленд. Речиси 90 години подоцна сателитските снимки открија мистериозна форма потопена во лагуната во близина на островот.

Според податоците од Универзитетот Пурдју, се верува дека т.н. „објект Тараиа“ се наоѓа на само три метри од брегот на лагуната. Овој необичен објект би можел да биде авионот на Ерхарт.

- Advertisement -

„Врз основа на проценките добиени од снимки од воздух, се верува дека објектот Тараиа се наоѓа на само три метри од брегот на лагуната. Во зависност од плимата и осеката, тој би можел да се наоѓа под слој вода длабок само 1,5 метри, покриен со слој седимент со непозната дебелина.“ објаснија надлежните.

Истражувачи од Институтот за археолошко наследство и Универзитетот Пердју пристигнаа на ненаселениот остров Никумароро на 12 октомври. Но, одговорите нема да стигнат веднаш. Тимот прво мора да помине неколку дена во обележување и расчистување на патека низ џунглата, од местото на истоварување до полуостровот Тараиа, каде што се наоѓа лагуната.

Официјалните лица исто така напоменаа дека истражувачите ќе мора да спијат на својот брод. На островот живеат кокосови ракови – најголемите копнени ракови во светот – што го прави престојот преку ноќ на самиот остров непрактичен.

Откако ќе стигнат до полуостровот, членовите на експедицијата ќе користат магнетометар за да детектираат железо и други метали што би можеле да укажуваат на присуство на предмети поврзани со авионот. Исто така, ќе користат сонар за откривање предмети на дното на лагуната. Потоа ќе употребат уред за испирање на седиментот со вода за да ги отстранат наталожените слоеви што го покриваат предметот, со цел визуелно да го прегледаат.

Рик Петигру, извршен директор на Институтот за археолошко наследство и водач на експедицијата, изјави за „E! News“:

„Неверојатно е задоволството да се биде толку блиску до завршување на испитувањето на предметот Тараиа и да се има можност конечно да се реши долгогодишната мистерија за исчезнувањето на Амелија Ерхарт и Фред Нунан, повеќе од 89 години откако тие исчезнаа.“

(N1)

(фото: Pexels/Kirandeep Singh Walia)

- Advertisement -