Португалија изгради џиновски соларен парк на вода

- Advertisement -

Португалија само што го изгради овој џиновски соларен парк на вода. Паркот има површина колку 4 фудбалски игралишта и е составен од 12.000 соларни панели. Поставен е во резервоарот Алкева, кој е најголемото вештачко езеро во Западна Европа.

Соларниот парк е дел од планот на Португалија да ја намали својата зависност од фосилни горива и треба да произведува 7,5 гигават-часови струја годишно. Тоа е доволно за1.500 домаќинства. Тоа производство ќе чини 1/3 од цената отколку да работи една фабрика на гас.

- Advertisement -

Паркот го изгради португалската компанија EDP и почна со работа во јули годинава. Соларни паркови на вода досега се изградени на многу локации, од загадени индустриски мочуришта во Кина до езера кои воопшто не се користат во Германија.

За соларните паркови нема потреба од големи инвестиции во недвижности, а водата која ги разладува соларните панели ја зголемува нивната продуктивност за 11%. EDP неодамна доби дозвола за изградба на уште еден соларен парк од 70 мегавати на истиот резервоар.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -