Маск го купи Twitter и почна да дели откази

- Advertisement -

Илон Маск официјално ја презеде сопственоста над Twitter и уште веднаш ги отпушти директорите во компанијата без да ја открие својата стратегија за постигнување на амбициозните цели за оваа социјална мрежа.

„Птицата е слободна“ напиша тој на Twitter откако плати 44 милијарди долари за оваа компанија, алудирајќи на фактот дека сака компанијата во иднина да има многу помали ограничувања на содржината што се објавува.

- Advertisement -

Директорот на компанијата-производител на електрични автомобили Tesla и поддржувач на слободниот говор исто така рече дека сака да спречи платформата да стане пропагатор на омраза и поделба меѓу луѓето. Тој додаде и дека сака да ги отстрани ботовите на Twitter и да ги подобри алгоритмите за да можат да разликуваат каква содржина се презентира на корисниците која е јавно достапна.

Но, Маск не ги откри деталите како ќе го постигне тоа и кој ќе управува со компанијата. Кажа само дека ќе крати работни места и ќе отпушти 7.500 вработени. Во однос на причината зошто го купи Twitter, Маск рече дека не го купил за да заработи пари, туку за да се обиде да му помогне на човештвото.

- Advertisement -

Маск му даде отказ на главниот извршен директор на Twitter, Парах Агравал, на главниот финансиски директор Нед Сегал и на директорот за правни работи Вилаја Гаде. Како што велат извори запознаени со ситуацијата, Маск ги обвинил дека го залажувале него и инвеститорите во комнпанијата во врска со лажните профили на платформата.

Маск планира да се назначи за извршен директор на Twitter откако ќе биде комплетирана аквизицијата, пренесува Bloomberg.

- Advertisement -

(Reuters)

(фото: Newsprima.it)

Сподели!
- Advertisement -