Philips во соработка со научници кои се занимаваат со истражување на на спиењето во компанијата Kokoon ги направија слушалките Philips Sleep Headphones N7808, кои се наменети за спиење.
Слушалките имаат мал дел кој се става во увото со дебелина од само 6 мм и главните електронски компоненти се преместени во плиткото куќиште кое стои зад главата. Од Philips велат дека нема ни да ги почувствувате дека ги носите кога лежите и тврдат дека се едноставни и удобни за носење цела ноќ.
Надворешната бучава вообичаено е главната причина за пореметување на сонот, па N7808 се фоксуираат на изолирање на бучавата во комбинација со интелитентна опција за поништување на бучвата. Притоа, користат прецизно прилагоден пријатен бел шум, кој полека се активира и ги пкрива сите звуци од околината кои би можеле да ви го пореметат сонот.
За репродукција на звукот сензорите во слушалките го следат спиењето на корисникот за да го прилагодат звукот и автоматски да го затемнат како што корисникот потонува во сон. Покрај тоа, слушалките овозможување слушање музика преку апликацијата Kokoon и пристап до услуги како Spotify, Audible, Apple Music и YouTube, како и до апликациите Calm и Headspace.
Слушалките N7808 имаат батерија која трае 10 часа и може да се користат за телефонирање. Во преднарачка чинат 174,99 долари.
(Vidi.hr)
(фото: Instagram)