Саудиска Арабија ќе гради облакодер голем колку 20 Емпајер Стејт згради

- Advertisement -

Ако мислевме дека проектот NEOM е најиновативниoт досега од Саудиска Арабија, сега се уверивме дека не е така. Минатата недела саудискиот принц Мохамад бин Салман Бин Абдулазиз ги претстави своите планови за изградба на најголемиот проект во центарот на Ријад – New Murabba, кој ќе се протега на површина од 18 квадратни километри.

Главниот објект во проектот е џиновскиот блакодер Mukaab, висок 400 метри. Mukaab ќе биде една од најголемите структури – доволно голема за во него да собере 20 Емпајер Стејт згради.

- Advertisement -

Mukaab ќе биде комбинација од дигитална и виртуелна технологија, како и најновата холографска технологија. Тоа значи дека еден ден кога сте таму ќе ви се чини дека сте на Марс, а другиот дека сте во некој магичен свет..

Освен тоа, на врвот на облакодерите ќе има кула со спирална основа. Во кулата ќе има туристички атракции, хотели, станови, комерцијални простори и рекреативни активности. Целата структура ќе биде највисоката структура во градот.

- Advertisement -

Парите за проектот доаѓаат од фондот Public Investment Fund, а New Murabbа е еден од многуте мега проекти кои ги развива Саудиска Арабија и е дел од планот Vision 2030 за диверзификација на економијата на земјата..

Во New Murabba ќе има над 104.000 станбени единици, 9.000 хотелски соби, над 980.000 квадратни метри простор за продавници, како и 1,4 милиони квадратни метри канцелариски простор.

- Advertisement -

Планирано е проектот да се комплетира до 2030 година.

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -