Почнува тестирањето на Starlink за телефони

- Advertisement -

Минатото лето Илон Маск и извршниот директор на T-Mobile, Мајк Сиверт, ја најавија иницијативата Coverage Above and Beyond, која има за цел да ги направи уредите на T-Mobile коматибилни си сателитската покриеност на Starlink.

Во текот на минатата панел расправа на конференцијата Satellite 2023 во Вашингтон од SpaceX најавија дека компанијата планира да почне со тестирање на својата сателитска услуга за телефони во текот на годинава.

- Advertisement -

Конкретно не открија со кои телеком оператори соработува SpaceX, но многу е веројатно дека меѓу нив е токму T-Mobile, кој прв би можел да ја добие таа можност за своите корисници.

Во август минатата година Маск вети дека Starlink V2 ќе биде лансиран во 2023 година и дека ќе се однесува директно на мобилните телефони, со цел да ги елиминира мртвите зони ширум светот. Во тоа време од T-Mobile изјавија дека услугата на операторот ќе му овозможи речиси целосна покриеност во САД, посебно истакнувајќи ги подрачјата каде тешко мо7е да се најде сигнал, како што се националните паркови, планинските масиви, пустините и дургите оддалечени места.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Starlink)

Сподели!
- Advertisement -