WhatsApp развива функција за споделување музика и видеа од смартфон

- Advertisement -

WhatsApp работи на развојот на нови функции за својата популарна апликација, кои на корисниците ќе им овозможат да споделуваат музика и видеа во текот на повиците.

Оваа функција првично ќе биде поврзана со iOS, но изгледа дека компанијата го подготвува истото и за Android. Слушањето музика и гледањето видеа заедно со соговорникот наводно функционира само кога е активно споделувањето на екранот во текот на видеоповиците и не е поддржано го текот на гласовните повици.

- Advertisement -

Според наводите, новата опција ќе биде достапна за корисниците на уреди со оперативни системи iOS и Android и ќе може да се користи меѓу различни платформи. Исто така, содржините ќе може да се споделуваат со сите учесници на видеоповиците.

Ако оваа функција ви звучи позната, тоа е така затоа што Apple веќе има нешто слично. Станува збор за функцијата SharePlay, која беше претставена во 2021 година.

- Advertisement -

(Klix.ba)

Сподели!
- Advertisement -