Деспотовски: новите договори вредни 450 милиони евра ќе отворат 7.000 нови работни места

- Advertisement -

Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски ја оцени 2023-та како успешна година. Прв пат, рече, се надмина бројката од 18.000 работни места што е над 11 проценти раст во однос на лани. Годинава се очекуваат минимум 75 милиони евра прилив во Буџетот по основ на придонеси. Само во 2023-та, истакна Деспотовски, се склучени нови договори вредни 450 милиони евра кои ќе отворат речиси 7.000 нови работни места.

-Имаме успешна година која ја оставаме зад нас. Она што посебно ме радува е тоа што двете основни цели што ги поставивме во почеток на мојот мандат, а тоа е растот на работните места и растот на платите, ги остваруваме. Оваа година првпат ја надминуваме бројката од 18.000 работни места. Тоа значи дека имаме здрав тренд на пораст на бројот на работни места којшто продолжува и оваа година. Годинава веќе имаме над 11 проценти раст на бројот на работни места споредено со минатата година. Она што исто така е многу важно и исто така лично многу ме радува е тоа што регистрираме значителен пораст на бруто платата во однос на просекот минатата година, зборувам за минимум 20 проценти. Велам минимум бидејќи се уште ги очекуваме податоците за декември. Меѓутоа, заклучно со она што го имаме со податоци со ноември говори дека бруто платата во рамки на зоните прво го надмина износот од 60 000 денари и второ, расте со повеќе од 20 отсто што е пет процентни поени подинамична во однос на растот на платите во националната економија, изјави Деспотовски.  

- Advertisement -

Очекувања за период пто следува:

Оваа година очекуваме минимум 75 милиони евра по основ на придонеси, данок на добивка и персонален данок на доход да се слеат во буџетот, 75 милиони евра што ќе се наменат за образованието, здравството,…, следната година. Само ќе потсетам дека на почетокот на мандатот на оваа политичка гарнитура имавме годишни уплати во буџетот кои не поминуваа повеќе од 10 милиони евра. Сето тоа е резултат и на зголемениот квалитет на работата на самите компании. Оваа година имаме раст на нето извозот кој ќе надмине 20 проценти, односно зборуваме за бројки што се над 650 – 700 илјади евра пари што остануваат во државата на основа на разликата помеѓу она што е увезено и она што е извезено надвор. 

- Advertisement -

Фото – ТИРЗ

Сподели!
- Advertisement -