Флорида ги забранува социјалните мрежи за сите помлади од 16 години

- Advertisement -

Децата и младите помали од 16 години во Флорида нема да смеат да користат социјални мрежи без одобрение од нивните родители. Како што пренесуваат американските медиуми, во нацрт-законот не се споменува кои платформи ќе бидат забранети, но ги таргетира социјалните медиуми кои ја следат активноста на корисниците и на децата им дозволуваатвчитување на материјали во интеракција со други и користат опции кои предизвикуваат зависност осмислени да предизвикаат претерана или компулсивна употреба.

Предлог-законот не се однесува на апликации кои се користат за приватни пораки меѓу поединци. Законот е усвоен со 106 гласови за и 13 против, а мерката ќе бара социјалните мрежи да ги отстранат сите профили на секој помлад од 16 години.

- Advertisement -

Предлог-законот уште чека одобрение во Сенатот. Законот ќе бара од компаниите трајно да ги избришат личните податоци собрани од укинатите профили.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -