Венеција почнува да наплаќа влез во градот за да ја намали гужвата

- Advertisement -

Градоначалникот на Венеција вети град без редици туристи за неколку недели остега, кога стапува на сила новата политика за влез со цел да се намали метежот од посетители кои доаѓаат во градот секое лето.

Новата стратегија за намалување на бројот на туристи, кои го посетуваат ова заштитено богатство на УНЕСКО, бара од тие што влегуваат на само еден ден во градот да платат влезница од 5 евра за историскиот дел од градот. Наплатата на влезнциите треба да почне на 25 април.

- Advertisement -

Иако новата политика беше најавена во септември минатата година, градот досега не откри детали за тоа како ќе се спроведува, а тоа предизвика шпекулации дека градот може да постави капии или да воведе други драстични мерки.

На прес-конференција во Рим градоначалникот Луиџи Бруњаро вети многу благи контроли и дека повеќе нема да има редици од туристи. Според него, градот ќе врши проверка на туристите на лице место за да се увери дека имаат QR код.

- Advertisement -

„Ова е експеримент и прв пат се воведува во светот. Нашата цел е Венеција да ја направиме поудобно место за живот“ вели градоначалникот.

Кога е шпицот, околу 100.000 туристи преспиваат во градот, а десетици илјади го посетуваат градот на само еден ден. Населението од околу 50.000 луѓе во центарот на градот постојано се намалува.

- Advertisement -

Годинава Венеција ќе наплаќа влезници во период од само 29 дена и мерката ќе важисекој викенд од мај до јули. Влезницата е само за туристите кои влегуваат на еден ден во стариот град во период од 08:30 до 16:00 часот по локално време, а исклучени се туристите кои престојуваат во хотели, малолетниците до 14 години и инвалидите.

За 5 евра QR кодот може да се преземе од веб страницата https://cda.ve.it/en/ на англиски, шпански, француски, германски и италијански јазик. Останатите јазици ќе бидат дополнително додадени. Жителите и нивните семејства нема да плаќаат влезница, додека туристите кои престојуваат во хотелите ќе добијат бесплатен QR код.

Туристите без влезници ќе бидат повикани да платат на лице место, аризикуваат и да добијат казни од 50 до 300 евра.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -