Цукерберг го претрка Маск на листата со најбогати луѓе во светот

- Advertisement -

Марк Цукерберг го претекна Илон Масј на листата со најбогати луѓе во светот на Blооmberg, па така основачот на Fасеbооk се наоѓа на трето место и по прв пат е побогат од основачот на Teslа од 2020 година досега.

Маск, кој на почетокот на март беше прв на листата со милијардери на Blооmberg, падна на ќетврто место откако Rеuters објави дека компанијата Tesla ги откажала , плановите за правење поевтини автомобили, поради што паднаа акциите, иако Маск го негираше извештајот на таа новинска агенција.

- Advertisement -

Богатството на Маск падна за 48,4 милијарди долари годинава, додека Цукерберг додаде 58,9 милијарди на своето затоа што неговата компанија Meta напредуваше на берзата и достигна нов рекорд.

Ова е прв пат Цукерберг да се најде во топ три на листата со најбогати луѓе на Вlооmberg од 16 ноември минатата година досега. Тогаш имаше 104,8 милијарди долари, а богатството на Маск се проценуваше на 102,2 милијарди долари. Моментално Маск има 180,6 милијарди долари, а Цукерберг 186,9 милијарди.

- Advertisement -

На листата на Blооmberg на прво место е францускиот бизнисмен Бернар Арно, додека на второ место е сопственикот на Amazon, Американецот Џеф Безос.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -