Градови со најдобар квалитет на живот во светот: Првиот на листата е во Европа

- Advertisement -

Градови со најдобар квалитет на живот во светот: Првиот на листата е во Европа
Квалитетот на животот е важен индикатор што треба да се земе предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот. Но, што всушност е квалитет на живот и како можеме да го измериме?

Сè, од гастрономските понуди до стапките на криминал може да влијае на квалитетот на животот на жителите на градот, но сосема новиот Глобален градски индекс на Oxford Economics зеде предвид шест важни показатели: животен век, приход по лице, еднаквост на приходот, рекреација и културна понуда, интернет брзина и трошоци за домување.

- Advertisement -

Според овие критериуми за град со најдобар квалитет на живот е избран Гренобл во Франција, кој според пописот од 2015 година има 160.000 жители.

„Главниот град на Алпите“ е познат како омилена планинарска дестинација, како и центар за научни истражувања, пишува „Тајм аут“, а пренесува Данас.

- Advertisement -

На второто место на листата е Канбера, главниот град на Австралија, а воедно е и единствениот неевропски град во топ 10.

Дури три града од Швајцарија се најдоа на листата на градови со најдобар квалитет на живот во светот. Берн е третопласиран, Базел е петти, а Цирих е осми на листата.

- Advertisement -

10 најдобри градови во светот по квалитет на живот

– Гренобл, Франција

– Канбера, Австралија

– Берн, Швајцарија

– Берген, Норвешка

– Базел, Швајцарија

– Луксембург, Луксембург

– Рејкјавик, Исланд

– Цирих, Швајцарија

– Гент, Белгија

– Нант, Франција

Извор – Bizlife
Фото – WIkimedia.commons

Сподели!
- Advertisement -