Поттик да се создаваат иновативни продукт решенија кои ќе бидат наши, функционални, еколошки и пазарно издржани
“Недела на дизајн во Скопје” – фестивал кој со години го третира индустрискиот дизајн и дизајнот на производ, ќе се одвива од 6. до 10. ноември во Јавна соба, Мала Станица и Литература – Дајмонд мол, но претходно следат и низа активности, работилници и предавања.
Оваа година темата на “Неделата на дизајн во Скопје” е “Чиста мобилност”, а се најавува изложбен дел за компании, викенд “pop up market”, панел дискусии, работилници, стручни дизајн предавања, работилници за деца, како и програма во живо каде акцентот е секако на музиката. Амбициозната цел на овој фестивал е да се подигне свеста за функционалноста на дизајнот и создавањето иновативни продукт решенија, но овој пат со предзнакот еко и циркуларна економија. Покрај стандардните повици за изложбен дел и “pop up market”, ќе има и трет повик овој пат целосно насочен кон велосипедизмот во Скопје и сите аспекти на решенија за безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.
Оваа година “Skopje Design Week” е дел од европската мрежа на манифестации “Next gen Deisgn” за дизајн во друштво на “Миксер” од Белград, “What Design Can Do” од Амстердам, “Barcelona Design Week” и “Designaustria”. Сите платформи во фокус ја ставаат Зелената агенда и еко дизајнот на идните млади дизајнери под европскиот проект “Next Gen Design”.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и Европската комисија.