Почнуваат натпреварите по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026

- Advertisement -

Факултетот за електротехника и информациски технологии Ве поканува медиумски да ги проследите натпреварите по роботика, автоматика, електроника и вештачка интелигенција RoboMac 2026 и RoboMac Junior 2026 кои ќе се одржат од 20.04.2026 (понеделник) до 25.04.2026 (сабота) на ФЕИТ.

Официјалното отворање ќе се одржи на 20.4.2026 во 12 часот во амфитеатарот на ФЕИТ. Финалниот натпревар во сите категории ќе се одржи на 25.4.2026 (сабота), од 18:30 часот.

- Advertisement -

На официјалното отворање на RoboMac 2026 ќе се обратат: проф. д-р Владимир Атанасовски, декан на ФЕИТ, проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на УКИМ, проф. д-р Гога Цветковски, претседател на македонската секција на IEEE и Лука Стефановски, претседател на студентскиот огранок на македонската секција на IEEE.

На 14-иот RoboMac натпревар ќе се соберат повеќе од 80 млади иноватори и експерти од земјата и од странство. Студентите ќе се запознаат со последните технолошки иновации поврзани со роботиката. Исто така, ќе може да ги употребат своите теоретски знаења и практични вештини, да ги надоградат и усовршат, да соработуваат со студенти од земјата и странство, со цел да го освојат првото место во својата категорија.

Учесниците ќе се натпреваруваат во следниве катерогии: Trig, Track, Trace, AI Football, Robotic Arm Challenge, The VoiceBot Challenge, Self Racing Cars и SumoBot. На RoboMac Junior 2026, кој се одржува по 6-ти пат, ќе учествуваат 54 ученици од четврта година од 30 средни училишта во земјава, поделени во 2 категории:- RoboMac Junior – АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА и RoboMac Junior – ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА. Овој настан ќе трае три дена (од 20.04 до 22.04.2026) на ФЕИТ.

Организатори на настанот се македонската секција на ИЕЕЕ (IEEE – The Institute for Еlectrical and Еlectronics Еnginеers), преку нејзиниот студентски огранок при УКИМ и Факултетот за електротехника и информациски технологии, а е во коорганизација со Факултетското студентско собрание – ФЕИТ.

- Advertisement -