Светскиот ден на пчелите беше прославен вчера (20 мај), а најновите податоци од Европскиот завод за статистика (Евростат) покажуваат дека рекордни 9,4 милиони пчелни кошници се регистрирани на фармите низ Европската унија во 2023 година, што претставува зголемување од 16 проценти во споредба со 2020 година. Податоците, сепак, не го вклучуваат вкупниот број на пчелни кошници во ЕУ, туку само оние што се наоѓаат на фармите и се вклучени во официјалната статистика.
Најголем број пчелни кошници е регистриран во Италија – речиси 1,9 милиони, по што следуваат Романија со 1,7 милиони, Грција со 1,2 милиони и Бугарија со еден милион пчелни кошници.
Во споредба со 2020 година, бројот на пчелни кошници се зголемил во 12 земји-членки на ЕУ, а најголемо зголемување е забележано во Италија, каде што бројот се зголемил за 822.490, или дури 79 проценти. Од друга страна, пад е регистриран во десет земји, при што најголеми намалувања се забележани во Унгарија, каде што бројот на пчелни кошници се намалил за 34 проценти, и Шпанија, со намалување од 14 проценти.
Пчелите играат клучна улога во опрашувањето на голем број земјоделски култури, како во потоплите, така и во постудените клими. Благодарение на можноста за презимување во кошници и користење на резервите на мед, тие успешно ги преживуваат постудените периоди.
Целиот текст на Biznis.rs
Фото – Flickr



























