Имплант ги спасува дијабетичарите од низок шеќер во крвта

- Advertisement -

За луѓето со дијабетес тип 1 хипогликемијата, или нискиот шеќер во крвта, е постојана закана. Кога нивото на гликоза ќе падне екстремно ниско, тоа може да биде опасно по живот, а стандардниот третман е инјекција на глукагон, панкреасен хормон вклучен во метаболизмот на јаглехидратите.

Овој пристап би можел да помогне и кога се јавува хипогликемија за време на спиењето или кај деца со дијабетес кои не се во можност сами да си даваат инјекции.

- Advertisement -

Ова е мал уред за итни случаи што се вметнува под кожата и е подготвен да реагира ако шеќерот во крвта на пациентот падне премногу ниско. Нашата цел беше да создадеме уред кој е секогаш подготвен да го заштити пациентот од низок шеќер во крвта. Веруваме дека ова би можело да помогне и во ублажување на стравот од хипогликемија што го чувствуваат многу пациенти и нивните родители.“ вели Даниел Андерсон, професор по хемиски инженеринг на МИТ и главен автор на студијата.

Уредот со големина на паричка содржи мал 3Д печатен полимерен резервоар за лекови. Резервоарот е запечатен со специјален материјал познат како легура за меморија на облик, која ја менува формата кога се загрева на температура од 40 °C.

- Advertisement -

Бидејќи течниот глукагон брзо се разградува, тимот на МИТ развил прашкаста форма која е постабилна и може да остане во телото подолго.

Секој уред може да содржи од една до четири дози глукагон и вклучува антена прилагодена на одредена радиофреквенција.

- Advertisement -

Благодарение на безжичната врска, уредот може да се поврзе и со глукометри кои автоматски ја активираат испораката на лекови кога нивото на шеќер ќе падне под зададената граница.

Една од клучните предности на овој дигитален систем за испорака на лекови е тоа што може да комуницира со сензори, велат истрѓувачите. Во овој случај технологијата за континуирано следење на гликозата што многу пациенти веќе ја користат може лесно да се интегрира со овој уред.

Уредот е тестиран и со прашкаста форма на епинефрин.

Во студијата уредите останале имплантирани до четири недели, а сега истражувачите планираат да тестираат дали можат да го продолжат животниот век на најмалку една година.

Истражувачите сега планираат дополнителни студии врз животни и се надеваат дека ќе започнат клинички испитувања во рок од три години.

(MIT News)

- Advertisement -