Венеција планира да ја зголеми туристичката такса за влез на 30 евра

- Advertisement -

Властите во Венеција размислуваат за зголемување на туристичката такса за влез, продолжување на периодот од годината во кој таа се применува и покачување на дневната цена на 30 евра, изјави висок претставник на италијанската општина.

Микеле Зуин, градскиот советник задолжен за буџетот и даноците, смета дека сегашната такса – која се движи од 5 до 10 евра – е прениска за справување со прекумерниот туризам.

- Advertisement -

Советникот истакна дека иако се разговарало за зголемување и до 50 евра, властите можеби ќе се одлучат за нова максимална цена од 30 евра за 2027 година.

Оваа туристичка такса, која важи само за дневните посетители, беше воведена во 2024 година – како прва таква такса во светот. Посетителите што резервираат однапред можат да добијат поевтина цена.

- Advertisement -

Во градот што долго време се соочува со прекумерен туризам и депопулација, локалните власти наведуваат дека мерката има за цел да ги поттикне посетителите да ги избегнуваат периодите со најголема посетеност во годината, како што е првомајскиот празник.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

- Advertisement -