Извршниот директор на SpaceX, Илон Маск, најави дека ќе го преименува одделот на компанијата за вештачка интелигенција (AI) во SpaceXSI.
Тој го објави ова откако американскиот претседател Доналд Трамп повика терминот „суперинтелигенција“ да се користи наместо „вештачка интелигенција“.
„Да, ќе ја направиме таа промена“, одговори Маск на корисник на платформата X кој праша дали постои можност SpaceXAI да се преименува во SpaceXSI.
Маск не даде детали за преименувањето, ниту пак прецизираше кога би можела да се случи промената.
Минатиот месец во обраќањето пред Генералното собрание на Обединетите нации Трамп изјави дека американските документи – а како што се надева, и документите ширум светот – отсега треба да го користат терминот „суперинтелигенција“ наместо „вештачка интелигенција“, опишувајќи го првиот како многу попрецизен.
„Од овој момент па натаму, сите документи на Соединетите Држави – а се надевам и на целиот свет – ќе бидат изменети за да го користат многу попрецизниот термин ‘супер’ наместо ‘вештачка’. Значи, суперинтелигенција“, рече Трамп.
(021)
(фото: Pexels/ iCliff Agendia)




























