Mastercard ќе воведе плаќање без интернет-врска во Европа почнувајќи од 2027 година

- Advertisement -

Mastercard најави нови правила за плаќање без интернет-врска (офлајн плаќање) во рамките на својата европска мрежа, што ќе овозможи продолжување на трансакциите за време на прекини во напојувањето со електрична енергија или прекини во мрежната поврзаност, почнувајќи од 2027 година.

Од февруари 2027 година сите новоиздадени Mastercard картички низ Европа ќе поддржуваат плаќање без интернет-врска, додека до мај 2027 година сите нови и заменски терминали за плаќање ќе мора да ја нудат истата можност.

- Advertisement -

Плаќањето без интернет-врска е наменето за ситуации кога терминалот ќе ја изгуби мрежната врска или ќе дојде до прекин на електричната енергија. Во такви околности корисниците ќе можат да плаќаат за неопходни производи – како што се стоки во супермаркети, продавници за храна, бензински пумпи и аптеки, како и билети од автомати – користејќи ги своите картички со чип и ПИН-код.

Системот функционира преку безбедно зачувување на лимитите за потрошувачка на чипот на картичката. Доколку терминалот ја изгуби врската, трансакцијата може да се одобри локално – до однапред одреден лимит од 200 евра по трансакција, утврден од банката на корисникот – и се испраќа на обработка откако ќе се воспостави врската.

- Advertisement -

Mastercard истакнува дека веќе го има имплементирано плаќањето без интернет-врска во Данска, Шведска, Естонија и Латвија. За време на неодамнешното невреме во Латвија плаќањето со картички продолжило да функционира во продавниците што користеле локални генератори, додека кризните процедури во Данска овозможиле реализација на бројни трансакции кај клучните трговци по технички дефект.

Компанијата ја проширува оваа можност по координација со партнери, национални влади, регулаторни тела и централни банки.

- Advertisement -

Брис ван де Вале, извршен потпретседател за основни услуги за плаќање во Mastercard, изјави: „Кога ќе дојде до прекин на електричната енергија или мрежната врска, на луѓето сепак им е потребно да купуваат храна, гориво и лекови“.

(Klix.ba)

(фото: Pexels/Julio Lopez)

- Advertisement -