Здружението на бизнис жени продолжува со активностите во Кичево – уште две фокус групи за подобар преглед на ситуацијата со женското претприемништво кај ромската популација
Во рамки на проектот„ Заедно за успех: млади претприемачи, движечка сила за добри меѓуетнички односи “, финансиран од Европската Унија преку програмата ИПА – Инструмент за граѓанско општество и медиуми 2014, каде Здружението на бизнис жени заедно со локалната граѓанска организација Здружението за развој и интеграција на млади роми и ромки „ПРЕРОДБА“ од Кичево, спроведува активности од заедничкиот подпроект „Економска инклузија на младите ромки во општина Кичево“, со кој се очекува јакнење на проектната приоритетна област – интегрирање на претприемачи од немнозински етнички заедници во програми за поддршка и вмрежување.
На 18ти мај, четврток, со таа цел, се одржаа и успешно спроведоа уште две фокус групи, со соодветна медиумска покриеност. Првата група опфати претставници на државните институции – Општина Кичево, Локалните центри за развој на заедницата, Локалната канцеларија на АВРМ, Регионални стопански комори, и др., како и претставници од локалните граѓански организации и здруженија, кои работат на темата на родови прашања, меѓуетнички односи, економско јакнење на жената, женско претприемништво или општо – претпримеништво и економија. Додека во третата фокус група во беа поканети да присуствуваат претприемачи, претставници од локалниот бизнис сектор, поради нивното искуство и знаење во поглед на претприемништво и водење на сопствен бизнис во условите кои владеат во општина Кичево.
Преку овие квантитативни и квалитативни истражувања, се добиваат поточни информации и соодветна перцепција за состојбата и бизнис климата во општина Кичево, посебно во однос на младите ромки од општина Кичево, препреките и предизвиците со кои се соочуваат, за соодветно конципирање на обука и работилница за ублажување на воочените проблеми, но и за формирање на став во дијалогот со институциите, бизнис заедницата и ГО за понатамошна заедничка соработка и поддршка на младите ромки во процесот на вработување, самовработување и претприемништво.