Tesla ја демонстрира чистата технологија со соларната куќа Tesla Tiny House во Австралија

- Advertisement -

Tesla почна да ја вози соларната куќа Tesla Tiny House по улиците во Австралија за да ја демонстрира моќта на чистата соларна енергија. Model X ја влече наоколу малечката куќа која е опремена со соларен систем и со батеријата Powerwall и на дело ја покажува технологијата на Tesla во акција.

Tesla Tiny House изгледа навистина неверојатно. Направена е од локална граѓа без хемикалии и служи како мобилно студио за дизајн. Има димензии 6x2x4 метри и има фотоволтаичен систем од 6 панели со моќност од 2 киловат-часови.

- Advertisement -

Tiny House целосно се напојува со обновлива енергија и луѓето можат да влезат внатре и да дизајнираат соларен систем за сопствените домови. Екипата која патува со куќата им дава детални информации на луѓето. „Оваа турнеја со куќата има за цел да им овозможи на луѓето директно едукативно искуство за како да интегрираат Powerwall и соларна енергија и целосно да го напојуваат домот 24/7“ велат од Tesla.

Според компанијата Electrek, која ја организира турнејата, Австралија е клучен пазар за производите на Tesla: само 1,5 милиони домаќинства во земјата имаат соларна енергија во домовите.

- Advertisement -

Tesla планира да ја однесе малечката соларна куќа во Аделаид, Мелбурн, Сиднеј и во Бризбејн во текот на август, септември и на почетокот на октомври, но велат дека секој во Австралија може да ги запре и да ја погледа куќата.

(Inhabitat)

Сподели!
- Advertisement -