Компанијата Visa разви ракавици, комеморативни значки и налепници за Зимските олипмиски игри во Кореја со NFC технологија, кои посетителите и спортистите ќе можат едноставно да ги користат за плаќање. Како што информира tportal.hr, во соработка со Lotte Card, финансискиот дел на јужнокорејскиот гигант за малопродажба Lotte, Visa произведе нов припејд уред за плаќање, кој во Кореја ќе биде достапен за продажба од 9 ноември.
Комеморативна олимписка значка: Инспирирана од долгогодишната традиција на комеморативни значки на Олимписките игри, Visa на пазато пласира четири уникатни нзачки украсени со дизајнот на Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјонгјанг, кои освен како сувенир, посетителите ќе можат да ги користат како начин на плаќање. Цената на една значка e 4,5 долари.
Ракавици со можност за плаќање: За време на игрите просечната температура во Пјонгјанг ќе биде -4,8°C, така што ракавиците ќе бидат задолжителен моден додаток. Ракавиците со можност за плаќање посетителите ќе можат да ги користат за да плаќаат трошоци. Тие содржат чип на кој е сместена бесконтактна антена со која може да се плаќа на официјалните продажни места на Олимписките игри и на соодветни читачи во целиот свет. Ракавиците ќе чинат од 27 до 45 долари.
Налепници: Благодарение на тенкиот флексибилен и леплив дизајн и вградениот NFC чип налепниците ќе моќат да се стават на секоја површина и да се користат за брзи и едноставни плаќања. Налепниците ќе бидат достапни по цена од 27, 90 и 180 долари.
Од 9 ноември натаму налепниците, ракавиците и значките се купат во Lotte Card корисничките центри во Кореја и преку страницата на Lotte Card. За време на игрите сите три производи ќе може да се купат на олимписките супермаркети и на Visa продажните автомати.