Камионот на Tesla кој го чекавме сега е тука. Tesla го претстави новиот електричен камион Tesla Semi со досег од дури 800 километри. Камионите од овој тип пренесуваат стока насекаде и без нив не би можела да функционира трговијата. Но, имаат еден голем недостаток – емитуваат многу штетни гасови затоа што трошат дизел гориво.
Inhabitat пишува дека не само што Tesla Semi има досег од 800 километри туку може да достигне 96 километри на час за само 5 секунди без приколка, што е многу помалку од времето потребно еден дизел камион да ја достигне истата брзина. Со товар од околу 36 тони Tesla проценува дека ќе може да достигне 96 километри за 20 секунди, за што на еден дизел камион ќе му биде потребна една минута.
Дури и со досег од 800 километри возачите ќе мора да најдат место за да го наполнат Tesla Semi, па Tesla најави дека ќе произведе нови Megachargers со кои ќе се додадат околу 645 километри за само 30 минути. Кабината на Tesla Semi е дизајнирана специјално за возачите и има една цела соба, а возачкото седиште е позиционирано во центарот за подобра видливост. Возачот има и два екрани на допир за пристап до навигацијата, за следење на слепите точки. Tesla Semi може да патува и во конвој, при што еден или повеќе камиони ќе можат автономно да го следат првиот камион.
Камионот е побезбеден од традиционалните камиони. Според Илон Маск, нема шанси камионот да застане затоа што ќе продолжи да вози дури и да престанат да работат двата мотори, а ризикот од превртување е сведен на минимум. Дури и кочниците се најнапредни и нема потреба некогаш да се заменат. Најдобриот момент кај камионот е термонуклеарното стакло отпорно на експлозии.