Nokia го оживеа банана телефонот од легендарниот филм The Matrix

- Advertisement -

Во 1999 година Киану Ривс беше познат по својата улога на Нео во легендарниот научно-фантастичен филм The Matrix. Nokia, пак, беше најголем светски производител на телефони и својата популарност ја искористи за да го промовира својот банана-телефон  Nokia 8110 во филмот. Во тоа време секој кој се сметаше себеси за кул личност сакаше телефон како тој на Нео, но обичните луѓе мораше да се задоволат со модели како Nokia 7110.

Сега компанијата HMD, која произведува брендирани телефони на Nokia, го оживува Nokia 8110 како рeтро класика, пренесува The Verge. Исто како што Nokia 3310 беше изненадување на Mobile World Congress минатата година, годинава тоа е моделот 8110. Малку закривениот телефон има лизгачки дел кој ви овозможува да се јавите на телефон или да исклучите, а HMD ќе прави традиционални жолта и црна верзија.

- Advertisement -

Nokia 8110 работи на Smart Feature OS, што значи дека ова е телефон со основните опции и нема да можете да користите апликации за Android како на други смартфони на Nokia. Сепак, HMD креира продавница за апликации за телефонот, меѓу кои и апликација за Facebook, па некои трети страни можат да креираат и сопствени апликации за телефонот.

За разлика од моделот 3310, 8110 ќе се продава низ цела Европа со поддршка за LTE мрежа и со опција за двојна SIM. Процесорот е Qualcomm 205 Mobile Platform, има 512MB RAM и 4GB внатрешна меморија. Ќе можете да ја играте и фамозната игра „Змија“ и ќе добиете импресивни 25 дена живот на батеријата кога не се користи толку. Nokia 8110 ќе почне да се продава од мај по цена од  79 евра.

Сподели!
- Advertisement -