Starbucks ги испраќа вработените на лечење од расизам

- Advertisement -

Американскиот синџир на кафетерии Starbucks соопшти дека ќе затвори повеќе од 8.000 локации во САД на неколку часа идниот месец за неговите речиси 175.000 вработени да поминат обука за расизмот. Ова беше објавено после случајот кога двајца Афроамериканци беа уапсени во кафетерија на Starbucks во Филаделфија затоа што вработените повикале полиција да ги пријават зашто наводно било незаконски да влезат таму. Тоа апсење предизвика протести и повикување на бојкот на Starbucks преку социјалните медиуми.

Компанијата сега соопшти кафетериите и управните згради ќе бидат затворени попладне на 29 мај. Целта на обуката е да „се спречат актите на дискриминација во нивните продавници“, наведува Starbucks во соопштението. Генералниот директор на синџирот, Кевин Џонсон, изјави дека апсењето е за секоја осуда и според наводите на портпаролот на компанијата, тој лично се сретнал со оштетените лица.

- Advertisement -

Двајцата уапсени полицијата ги привела, но подоцна биле пуштени поради недостиг на докази дека направиле некакво кривично дело. Видеото од апсењето се прошири шреку социјалните мреќи и следуваа повици на бојкот на кафетеријата.

Сподели!
- Advertisement -