Hyundai отвори виртуелен салон за автомобили на Amazon

- Advertisement -

Hyundai и Amazon ги здружија силите за да направат виртуелен салон за автомобили во делот за продажба на автомобили Amazon Vehicles. Нема да можете во блиска иднина да си нарачате онлајн „елантра“ или „алекса“ затоа што новиот дел нуди само детали за повеќе модели, со линкови до локални дилери со автомобили.

Како и сета друга потрошувачка стока на  Amazon, можете да видите цени и опции за секој модел на Hyundai. Кога ќе изберете кој автомобил го сакате, ќе бидете префрлени на страницата на Hyundai до тој конретен модел. Можете да побарате и тест возење. На дното на галеријата на Amazon има калкулатор кој ќе ви пресмета колку ќе чини автомобилот да се купи или да се закупи, како и линкови до локални дилери на тој автомобил, пишува Engadget.

- Advertisement -

„Оваа соработка со Amazon на купувачите им дава можност да добијат информации за возилата на Hyundai на начин кој ќе ги исполни нивните очекувања. Hyundai и дилерите на нашите автомобили го модернизираат начинот на купување, па многу логично беше да бидеме првата компанија со свој дигитален салон за автомобили“ изјавија од компанијата.

Сподели!
- Advertisement -