10 C
Skopje
понеделник, февруари 24, 2020

Нов патент на Amazon – вработените ќе се движат во кафези за да се заштитат од роботите

Kabtel desktop

Amazon во своите складишта користи роботи кои многу им ја олеснуваат работата – наоѓаат и транспортираат производи и ги подготвуваат за достава, а во некои складишта дури има и т.н. роботски зони во кои е забранет пристапот за луѓето. Имено,в о тие зони работат големи роботи кои би можеле да ги поврдат луѓето, а во случај некој од вработените да влезе во тој дел, ќе се огласи аларм и роботите автоматски ќе престанат со работа.

Во компанијата размислуваат за начини на кои нивните вработени би можеле заедно да работат или барем да бидат присутни во просториите со глеми роботи. Една од идеите е да се стават во кафез! Патентот кој го пријави Amazon пред две години и кој му е одобрен опишува начин на движење на работниците во простории со роботи и според него, луѓето треба да бидат сместени во посебен кафез, со кој би управувал робот кој се наоѓа под кафезот, пишува Zimo.

Во случај работниците да треба да поправат или да преземат нешто од зоната во која се наоѓаат големите роботи, не би имало потреба да се стопира работата на роботите, туку луѓето би влегле во кафез и на својот робот ќе се повозат по забранетата зона, би го направиле тоа што треба и би излегле, додека роботите цело време околу нив би си ја вршеле својата работа.

Во патентот на Amazon не станува збор за кафез за луѓе со кој управуваат роботи, туку за уред за транспорт кој на луѓето ќе им овозможи да се приближат до роботите во ситуации кога треба да се поправат роботите или да се земат некои предмети кои им испаднале од полиците или при транспорт,

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •