Uber почна да изнајмува електрични скутери

- Advertisement -

Кога Uber на почетокот на годинава го купи стартапот за изнајмување велосипеди JUMP, стана јасно дека по глобалната услуга на споделување автомобили, која ги налути таксистите ширум светот, следува уште една услуга која би можела да се прошири во сите градови во светот и да ги помати сметките на оние кои веќе нудат таква услуга.

Така, Uber во САД, поточно во Санта Моника ја стартуваше услугата на изнајмување JUMP електрични велосипеди и „ромобили“, кои, всушност, се Xiaomi Ninebot скутери ребрендирани под името на Uber.

- Advertisement -

Иако ова засега е само пилот програма, Uber на улиците на Санта Моника донесе 500 велосипеди и 250 скутери, а против конкуренцијата која веќе нуди таква услуга се бори на типичниот „уберовски“ начин – со цените. Првата недела новата услуга на Uber ќе биде целосно бесплатна, а потоа возењето ќе се наплаќа по 15 центи од минута.

По завршувањето на возењето ќе можете да го оставите велосипедот или скутерот каде сакате, да го фотографирате местото каде сте паркирале и да ја испратите фотографијата во Uber, па нивните вработени ќе појдат, ќе го земат и ќе го стават на полнење. Ова е нешто сосема поинакво од тоа што го нуди конкуренцијата.

- Advertisement -

Доколку биде задоволен со заработката во Санта Моника, Uber ќе ја прошири услугата на сите американски градови, а потоа тргнува во освојување на светот.

Сподели!
- Advertisement -