14 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Илон Маск има спас за сите кои не сакаат своите кучиња да ги остават во кола кога е пеколно жешко

Kabtel desktop

Уште една добра вест од иноваторот Илон Маск. Ова ќе ги израдува сите кои своите кучиња мора да ги остават во кола на некое време. Сега може да бидат сигурни дека нема ништо да им се случи благодарение на паметниот софтвер во автомобилите на Tesla. Таканаречениот Dog Mode го држи вклучен клима уредот во автомобилот и кога сопственикот не е во близина, а моменталната температура во возилото како и порака за минувачите од типот на „Се враќам брзо“ ќе биде видлива на средниот екран.

Dog Mode е измислен откако некој корисник на Twitter прашал дали може некако во автомобилите да се вгради некаква безбедносна опција која би им помогнала на домашните миленици во неволја. Илон Маск ја прочитал пораката и набрзо му одговорил.

Така сега сопствениците на автомобилите на Teslinih можат на подолго време да го остават своето куче во автомобил додека вршат некои обврски  затоа што кога ќе излезат од автомобил клима уредот ќе се погрижи температурата во автомобилот да е на безбедно ниво за кучето и дека нема да му се случи ништо лошо. Оваа опција е достапна преку поставките за автомобило, а ако батеријата на Teslа  се намали на помалку од 20%, на сопственикот ќе му стигне предупредување на телефон.

Tesla  е прва компанија која направи ваков софтвер, а сигурно ќе биде пример кој ќе го следат други компании. Стотици кучиња годишно умираат затоа што биле оставени затворени во кола на високи температури. Температурата во затворен автомобил на сонце може да порасне за повеќе од пет степени за само десет минути. За еден час ќе биде десетина, па и 15 степени повисока од надворешната.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •