19.2 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Што прави светот? Технологија Првите шест сателити за 5G интернет стигнаа во вселената

Првите шест сателити за 5G интернет стигнаа во вселената

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Од Француска Гвајана успешно беше лансирана ракетата Arianespace Soyuz, која во вселената ги однесе првите шест од вкупно 650 сателити за Интернет кои ќе се најдат во идната голема констелација на компанијата OneWeb. Идејата на OneWeb и на партнерите е да овозможат брз сателитски интернет и во најзапуштените делови од светот, а констелацијата ќе подджува и нови комуникациски мрежни технологии кои вклучуваат 5G.

OneWeb стана втората компанија после SpaceX која во вселената однесе нова генерација комуникациски сателити, а проектот за сателитски ултрабрз интерент го поддржуваа многу компании меѓу кои Softbank, Airbus, Virgin и давателот на услуги на сателитски интернет Hughes.

Кога тие 650 сателити на OneWeb ќе се приклучат на оние кои планира да ги лансира SpaceX, орбитата на Земјата ќе се наполни со неколку илјади нови летала кои ќе кружат околу неа, но експертите од OneWeb сметаат дека тоа нема да направи големи проблеми при лансирањето вселенски мисии.

OneWeb на MWC 2019 објави дека веќе потпишале договори за услуги на сателитски интернет од новата генерација со Talia Limited од Велика Британија и Intermatica од Италија, кои ќе обезбедуваат интернет во Африка, Европа и на Средниот Исток.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Во САД ќе се отвори првиот ресторан кој ќе продава производи...

Еден ресторан во Калифорнија ќе стане првиот угостителски објект во САД кој ќе продава производи направени со марихуана во својата редовна понуда. Lowell Cafe е...

Иновации, подобрување на животната средина и развој на идните професии во...

Oсмото издание на Самитот Македонија2025, кој претставува водечка регионална конференција за споделување на последните светски трендови во бизнисот, економијата, технолошките иновации и етичкото лидерство,...

Најпознатиот фаст фуд синџир за пилешко месо KFC ќе почне да...

Подгответе се за „месо без месо“, новина од најпознатиот фаст фуд синџир за храна од пилешко месо, KFC, која уште повеќе ќе ја вжешти...

Арапи во Хрватска сакаат да градат ресорт вреден милијарда евра

Проектот Mavrijan Luxury Resorts беше претставен на средината на јули, а деновиве во Улцињ треба да дојдат заинтересираните инвеститори од Катар и од Египет....
Сподели!
  •  
  •