Пере Самандов: „Paolo Sabor“ воведе иновација – онлајн консалтинг во архитектурата и градежништвото во Македонија

- Advertisement -

„Паоло Сабор“ е македонска компанија за архитектура и градежништво чија главна дејност е проектирање, надзор и изградба на градби од втора категорија. Освен тоа, Паоло Сабор нуди и консултантските услуги со визија консултациите за своите клиенти да бидат достапни од било кое место и во било кое време! Во „Паоло Сабор“  е акумулирано 15 годишното искуство во областа на градежништвото на основачот и генерален директор Пере Самандов, дипломиран градежен инженер. Тој ни објасни како оваа компанија ќе се претвори во ваш приватен архитект?!

Која е идејата, мисија и визијата на Паоло Сабор?

Идејата која стои во основата на нашата компанија е предизвикот да се создаде бренд во архитектурата кој ги исполнува условите на најсовремените и иновативни компании во светот кои нудат онлајн продажба, услуги и консултации за своите клиенти достапни од било кое место и во било кое време. Со ваква идеjа и пристап во дејноста Паоло Сабор создаде иновација во проектирањето и консалтингот во архитектурата и градежништвото. Станува збор за развој на концептот Онлајн архитект и “Прашај го Паоло Сабор”, први и единствени услуги од ваков тип  на нашите простори.

- Advertisement -

Преку нив секој заинтересиран инвеститор кој сака да гради, има можност да инвестира во проект, надзор или консултанство потребно за реализирање на неговата идеја токму преку услугите на нашата компанија кои вклучуваат 24 часовна онлајн поддршка.

На тој начин нашата цел се гледа во оптимизирање на времето на нашите клиенти и замена на традиционалниот пристап во архитектурата и градежништвото кој има цел да ги задоволи најспецифичните потреби, барања и прашања на клиентите кои сакаат да ја изградат својата “приказна“ наречена дом од соништата.

- Advertisement -

На кој начин ги нудите и модернизирате Вашите услуги?

- Advertisement -

Квалитетните и навремени советодавни услуги во областа на градежништвото се едни од клучните алки во процесот на создавање  модерна индустрија усогласена со европските регулативи.

Едукацијата на клиентите и достапноста до услугите беше главниот предизвик да изградиме бренд кој е лесно достапен за клиентите преку нашите иновативни услуги достапни на smart уредите (телефон, таблет, компјутер) како што се онлајн формата “Онлајн Архитект  и апликацијата Прашај го Паоло Сабор”.

На овој начин, клиентот брзо и ефикасно од било кое место се најавува на онлајн формата преку која го проследува неговото барање до нашиот тим, од каде што веднаш добива известување, а потоа и термин за консултации. Врз основа на пристигнатото барање, нашиот тим изработува целосна проектна програма низ која ги води, советува и консултира своите клиенти низ целиот процес од идеја до одобрение за градба и имотен лист. Дополнително, нашиот тим обезбедува целосен надзор над изградбата, финансиска анализа на трошоците и проектот, како и правни совети и заштита во текот на процес на градење.

Од каде идејата преку апликации да се нудат архитектонски услуги?

Модернизирањето на нашите услуги е благодарение токму на потребата од развој на платформа на која сите заинтересирани инвеститори кои помислуваат на изградба на станбен објект или куќа ќе можат на едно место да прашаат и да се информираат за сите новитети, трендови, правила и закони кои владеат во архитектурата, градежништвото и внатрешното уредување.

Каков е интересот за нивно користење согласно македонскиот менталитет?

Имајќи ја предвид глобализацијата и дигитализацијата на пазарот во светски рамки и потребата од достапност на информациите но и начин на пребарување на истите, со полна одговорност можам да потенцирам дека веќе клиентите/купувачите не се таргетират според т.н. македонски менталитет, туку според квалитетот кој го бараат, а кој треба да е надополнет  со експедитивност но и фер и коректен однос. Притоа интересот е навистина голем, а она кое нам не радува е неговата растечка тенденција и зголем број на барања кои ги регистриравме во текот на последната година.

Кои се предноститите од нивно користење?

Преку нашиот иновативен пристап и поставеност кон промоција и продажба на услугите од Паоло Сабор, клиентите добиваат производ и услуга со додадена вредност бидејќи покрај добиениот квалитет кој секогаш е приоритет за нашиот тим, истите штедат време и имаат целосен увид и контрола врз нивниот предмет.

Дали досега успешно се реализирани проекти преку механизмот и концептот на онлајн архитект?

Да, досега имаме успешно реализирани проекти преку концептот онлајн архитект и тоа од идеаја до одобрение за градење, со што се потврдуваат неговата функционалност и успешност.

Дополнително, изминатите години реализиравме низа успешни проекти меѓу кои луксузниот хотелски комплекс “Хотел Памела”, реконструкција на кровот и фасадата на Катлановска Бања, луксузната зграда “Central Elite Residence” во центарот на Неготино, надзор над новата словенечка винарија на пазарот “Винарија Пуклавец”, комплетна реконструкција на зградата на основниот суд во Кавадарци, големиот маркет за колонијална стока “Маркет Дијана” и многу други.

Како ја гледате компанијата во иднина?

И во иднина Paolo Sabor продолжува да ја реализира својата цел да биде иновативен, но и етаблиран и реномиран бренд кој ќе ги поседува сите легислативи и карактеристики на  компанија која е пријателски и пазарно ориентирана кон своите клиенти и соработници, со крајна цел градење доверба и сигурност на патот кон материјализирање на идеите.

Дополнително, верувам во инвестицијата и вложувањето во младите перспективни и креативни архитекти и градежни инженери кои заедно со нас поискусните колеги ќе работат тимски и ќе создаваат квалитет со додадени вредности, знак на модерен и одговорен печат кој нашата компанија тежнее да го постави.

Сподели!
- Advertisement -