18.8 C
Skopje
среда, октомври 16, 2019

15 шпански градови викендов ќе добијат 5G мрежа

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Кинескиот телекомуникациски гигант Huawei ќе ја воведе 5G услугата во неколку градови во Шпанија во сабота, па Шпанија ќе биде една од првите европски земји со брза мобилна мрежа. Vodafone Espana ќе ја воведе 5G мрежата во 15 градови на 15 јуни, а во соработка со кинескиата компанија. Освен тоа, шведската компанија Ericsson ќе го обезбеди хардверот за мрежата.

Huawei е водечки провајдер на мобилни мрежи, особено во Европа. Вашингтон оваа технолошка компанија минатиот месец ја стави на црната листа со компании на кои им се забранува соработка со американските партнери или се врши строга контрола над соработката. Причината за тоа е што САД ги обвинува Huawei дека го помагаат шпионирањето кое го врши кинеската влада. Освен тоа, американската влада врши притисок и врз други западни земји да не ја користат технологијата на компанијата.

Ставањето на црната листа влијаеше врз продажбата на паметни телефони на Huawei. Освен тоа, потрошувачите се загрижени дека нема да имаат пристап до новите ажурирања на оперативниот систем на Google, најпознатиот Android. Ограничувањето на Android ќе почне да важи за уредите на Huawei од средината на август годинава.

Од Huawei велат дека веројатно ќе помогнат за изградбата на 5G мрежата и во Германија. „Моментално испорачуваме мрежни елементи за проширување на LTE мрежата на Deutsche Telekom, Vodafone Deutschland и Telefonica Deutschland. Претпоставуваме дека ќе соработуваме со тие три компании и на 5G мрежата“ велат од Huawei.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •