10.1 C
Skopje
вторник, октомври 15, 2019
Почетна Зелена планета Американец нуркаше на најдлабоката точка на Земјата и таму откри пластичен отпад!

Американец нуркаше на најдлабоката точка на Земјата и таму откри пластичен отпад!

Kabtel golem pod glavno menu 14.10.2019

Американец кој ги истражува длабочините на подводниот свет го заврши најдлабокот нуркање со човечки екипаж во светот и на површината се врати со ужасни вести. Дури и на 10.927 метри под површината на водата Виктор Весково пронајде отпад.

Тој стигнал до Челенџер Дип, кој се наоѓа на јужнуиот дел од Маријанскиот ров. Истражувањето траело четири часа и Весково поставил рекорд за нуркањре на најдлабока точка под водата до којашто стигнал човекот. Претходно рекордот го држел режисерот на „Титаник“, Џејмс Камерон во 2012 година.

Освен четири нови животински видови кои може да укажат на потеклото на животот на Земјата, Весково на дното на океанот нашол пластични кеси и амбалажа од слатки. На дното се спуштил во подморницата The Limiting Factor. Целосно истражување г снима Discovery Channel и станува збор за серијалот Five Deeps Expedition.

Следното нуркање ќе биде во Молој Дип во Севериот Леден Океан, кое ќе се случи во август годинава. За четири часа истражување на дното Весково нашол време и да ужива во околната убавина. Маријанскиот ров  е најдлабоката точка во Тихиот Океан, а воедно и најдлабока во светот. Тој ров е подлабок отколку што е висока највисоката планина во светот, Монт Еверест.

Сподели!
  •  
  •  
Сподели!
  •  
  •