13.7 C
Skopje
среда, ноември 20, 2019

Baidu и Huawei склучија партнерство на полето вештачка интелигенција

Kabtel desktop

Технолошките гиганти Baidu и Huawei најавија партнерство кое ќе ги обединува најновите напредни можности за учење на Baidu со новата генерација технологија за чипови со вештачка ингелигенција. Платформата за длабинско учење на Baidu, PaddlePaddle и чипови Kirin на Huawei ќе бидат комбинирани за максимално да се искористи моќта на вештачката интелигенција и на корисниците да им се понудат попаметни и побрзи апликации.

Договорот за заедничка работа на полето на вештачката интелигенција е резултат на сеопфатното стратешко партнерство кое двете компании го потпишаа во 2017 година. На конференција за вештачка интелигенција на Baidu беше претставен и нов чип за обработка на глас кој се вика Honghu и главно ќе се користи за поддршка за интеракција со говор меѓу човекот и машините во возилата и во паметните апарати за домот.

Baidu исто така најави партнерство со производителот на автомобили Geely за интелигентна поврзаност, интелигентно возење, паметни апликации за домот и е-трговија.

Baidu последните години ги зголемува инвестициите во вештачка интелигенција, вклучувајќи и паметни звучници и автономно возење. Компанијата соопшти дека флотата од 300 напредни автономни возила ќе биде тестирана на патиштата во 13 градови.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •