Србија е номинирана за најдобра локација во светот за снимање реклами

- Advertisement -

Официјално се објавени номинациите за најдобри локации за снимање филмови, ТВ серии и реклами кои ги доделува Светската асоцијација на менаџери на локации (LMGI – Location Managers Guild International). Србија по прв пат се најде на оваа листа благодарение на рекламата „Органска храна за сите“ („Organic food for all”) за германскиот бренд Penny, која е снимана во центарот на Белград.

За впечатливите кадри од Теразија, стариот железнички мост и крововите на новобелградските блокови е заслужна продукциската куќа Emote од Белград и целосниот домашен сценографски тим заедно со околу 700 членови на екипата, статисти и логистичари кои учествувале во реализацијата на најамбициозниот рекламен спот снимен во Србија минатата година.

- Advertisement -

„Кога се занимавате со реклами не размислувате често за нaгради од овој тип затоа што тоа најчесто не е крајната цел на оваа продукција. Затоа нам во Еmote ни е многу драго што сме дел од избрана група и имаме чест да се натпреваруваме со најголемите светски продукци, како и да бидеме на истото доделување награди како и HBO и Netflix. Penny беше битен проект како за нас, така и за целата наша индустрија и за позиционирање на Белград на мапата на најпожелни дестинации за снимање разни проекти“ изјавија од Emote.

Прогласувањето и доделувањето на наградите ќе се одржи на 21 септември во Лос Анџелес. Проектот „Органска храна за сите“ е номиниран во конкуренција со проекти како „Dream Crazy” на Nike, кој инаку беше номиниран и за наградата „Еми“; кампањата на Huawei со Гал Гадо снимана на Исланд итн.

- Advertisement -

Во продолжение погледнете ја рекламата која ја смести Србија меѓу најпосакуваните локации за снимање реклами во светот.

Сподели!
- Advertisement -