-6.2 C
Skopje
вторник, јануари 25, 2022

Исланд ќе постави споменик за првиот „мртов“ глечер како последица на климатските промени

Kabtel desktop

Научници и локални жители на Исланд идниот месец ќе постават споменик во спомен на првиот глечер од вкупно 400 колку што има во земјата кој се истопил како последица на климатските промени. Глечерот Окјокул, кој најчесто го нарекуваа Ок, повеќе не се квалификува како глечер затоа што се топи со побрзо темпо отколку што се шири. Кога ќе се случи нешто такво, глечерите стануваат познати како мртов мраз.

Научниците во Исланд и на Универзитетот Рајс во Тексас веруваат дека ова ќе биде судбината на сите глечери во Исланд до 2200 година ако светот не преземе драстични мерки за да се спречи влошувањето на климатските промени.

„Со официјалното одбележување на ‚смртта’ на глечерот се надеваме дека ќе го привлечиме вниманието на луѓето од целиот свет за тоа што ќе се случи ако ги изгубиме глечерите. Овие ледени форми се најголемите резервоари на свежа вода на планетата, а во нив е замрзната и историјата на атмосферата. Исто така, тие се битни културни форми со големо значење“, велат научниците.

Свеченото откривање на споменикот ќе се случи на 18 август, а на него ќе присуствуваат научници, локалното население, медиуми  членови на Hiking Society. Пред само 100 години глечерот кој сега е прогласен за „мртов“ имал површина од речиси 15,5 квадратни километри, а дебелината на мразот била повеќе од 45 метри.

Споменикот ќе биде поставен на место каде што порано се протегал глечерот, а на него на исландски и на англиски јазик ќе пишува: „Ок е првиот глечер на Исланд кој го изгуби статусот на глечер. Очекуваме дека во наредните 200 години сите наши глечери ќе ги снајде истата судбина. Овој споменик е признание дека знаеме што се случува и што мора да се направи. Кога само би го направиле тоа што треба“.

На споменикот ќе биде напишана и точната количина на јаглерод диоксид во атмосферата во моментот.


Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!